петок, 18 октомври 2024

Готов е нацртот на националната стратегија за управување со отпад до 2036

Министерството за животна средина и просторно планирање го подготви нацртот на националната стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина.

Објавено на

часот

Сподели

НСУO 2024-2036 ја претставува националната политика за управување со отпад во Македонија и претставува почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ законодавство и барања за отпадот. НСУO ги поставува насоките за правилно управување со цврст отпад (УЦО) за следните 12 години заснован на принципите на одржливост и служи како основа за управување со сите текови на отпад.

Општата цел на НСУО 2024 – 2036 е да развие одржлив, интегриран систем за управување со отпад со цел зачувување на ресурсите, заштити на здравјето на населението и превенција и намалување на негативните влијанија врз животната средина, намалување на емисиите на стакленички гасови и деградацијата на земјиштето.

Нацрт стратегијата и Извештајот за стратегиска оцена се достапни на интернет страницата на МЖСПП, како дел од јавниот увид. Со цел пошироко вклучување на заинтересираната и засегната јавност, беа организирани шест јавни расправи во земјата (Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Битола и Скопје), соопшти Министертвото за животна средина и просторно планирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ