Гостивар ја продолжи одличната форма, овојпат го освои целиот плен против Македонија Ѓорче Петров.
Во првото полувреме имаше голема борба на средината на теренот, а домаќините за нијанса беа подобри, создадоа неколку шанси, но немаше гол.
Гостивар ја зголеми офанзивата во вториот дел, но Македонија Ѓорче Петров одлично се бранеше.
Во самиот финиш од мечот домаќините добија пенал, кој го реализираше Кехинде за победа на Гостивар од 1-0. Гостите негодуваа на судиската одлука, но таа остана на сила и го реши победникот на мечот.
Гостивар со оваа победа скокна на петтото место на табелата со 24 бода, Македонија ЃП има 18. бода на деветтото место.