вторник, 22 октомври 2024

Гостивар и Струмица веќе неколку дена се без вода

Официјално во водата од водоводите на Гостивар и Струмица има колиформни бактерии, односно ешерихија коли. Водата не е безбедна за пиење. Општините се должни да обезбедуваат чиста вода во цистерни.

Објавено на

часот

Сподели

Проблемот во водоводните мрежи на двете општини сè уште не е надминат.

Во Струмица веќе четири дена нема вода за пиење и готвење. Анализите на Центарот за јавно здравје покажаа дека водата содржи недозволени количини манган и бактерии, поради што не е исправна за пиење. Сега обврска е на јавното комунално претпријатие да обезбеди пивка вода за граѓаните.

Според комуналното претпријатие причина за ваквата ситуација е неповолната хидролошка состојба, односно, водата содржела многу кал и не било возможно да се исфилтрира до ниво на консумација.

И гостиварчани немаа вода за пиење. Во водата од градскиот водовод, како што соопшти гостиварски „Комуналец“, има бактерии и таа не е безбедна за пиење.

Од јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар велат дека водата во градскиот водовод редовно се хлорира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ