четврток, 26 декември 2024

„Господ во бели патики“ нова стихозбирка од Ристо Лазаров

Издавачката куќа ,,Матица македонска“ деновиве ја објави најновата, триесет и шеста по ред стихозбирка на Ристо Лазаров, под необичен наслов ,,Господ во бели патики“. Какои последните. десетина негови книги,и оваа содржи седум циклуси по седум песни плус една во вид на пролог.

Објавено на

часот

Сподели

„Како исклучително динамичен и луциден дух, Ристо Лазаров сака да живее во склад со пулсот на своето време, сака да биде ангажиран автор (во сартровска смисла). И успева во тоа. Во текот на своите седум и пол децении животна авантура, овој наш реномиран поет ја исцртува сопствената поетска траекторија во духот на времето, од збирката првенец Ноќна птица во паркот (1972), до најновата, триесет и шеста објава – Господ во бели патики (2024).

Поезијата на Лазаров се соочува, одлучно и непоко- лебливо, остроумно и критички, со сите историски и актуелни цивилизациски подеми и падови, со националните и универзалните неправди и порази, како на пример, преку мемориската матрица за ‘гасните комори на Аушвиц'(‘Црна песна’) или преку евоцираната судбина на Македонија со векови / претоварена со жални песни / и стрвни крлежи (‘Крлежи’), но исто така и преку реминисценциите за раскошната ‘водена вселе- на’ наречена Титаник со која потонал стариот век додека величествено свирел бродскиот оркестар (‘Јарбол’) или преку пророчките визии за ‘новата апокалипса’ која подмолно ги тресе / нашите и светските плоштади, а која е проследена со првите тактови / на Бетове- новата Хероика (‘Апокалипса’).

Сеедно дали гледа во ретровизорот наназад – во историјата како прав / измешан со отров за глувци, ‘скриена ножица’ за кастрење на старите корени, но и луксузен салон (‘Отров за глувци’) – или пак кореспондира со виртуелната реалност – Цели народи на светов и веков / летаат на вештачки волшебни килимчиња (‘Волшебни килимчиња’) – поетот го крева својот глас во име на универзалните хуманистички вредности“, вели во поговорот кон оваа книга, нашата реномирана есеистка, професорката Лидија Капушевска – Дракулевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ