понеделник, 20 јануари 2025

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за денар и пол. Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар.

Објавено на

часот

Сподели

Од полноќ, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар.

Новата цена на дизелот ќе биде 76 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 75,5 денари за литар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ