Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 79,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,5, Еуродизел (Д-Е V) за 71, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,688 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,748 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,531 отсто, кај дизелот за 2,143 и кај екстра лесното масло за 0,449 отсто, а кај мазутот има зголемување за 3,07 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,7310 отсто.