Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за два денара и ќе чинат 70, односно 69,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на бензинот еуросупер БС-98 се намалува за еден, а на еуросупер БС-95 за половина денар така што ќе се продаваат за 76,5, односно за 74,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,240 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,261 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 51,432 отсто, кај дизелот за 4,044, кај екстра лесното масло за 3,960 и кај мазутот за 2,791 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995 отсто.