„Поради олеснување на воспоставувањето на контрола врз шумскиот пожар во месноста наречена Мал Раковец во општината Демир Капија, за дваесетина минути ќе дејствува еден полициски хеликоптер со ведро (буре) од три тона“, информираа од Центар за управување со кризи.
Авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе интервенира на пожарот кај Неготино, каде на терен гаснат и пожарникари од Неготино и Кавадарци.