понеделник, 21 октомври 2024

Гори радиоактивна шума кај Чернобил (ВИДЕО)

Шумски пожар избил во контаминирана радиоактивна шума кај нуклеарната централа Чернобил, објавија властите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Горат околу 20 хектари во чернобилската забранета зона, подрачје од 30 километри околу местото на катастрофата од 1986 година, објави гувернерот на Киевскиот регион Руслан Кравченко на социјалните мрежи.

Тој истакна дека нивото на радијација е во границите на нормалата.

Против пожарот се борат повеќе од 200 пожарникари, со помош од 50 војници, објавија локалните власти. Пожарот веќе е ставен под контрола.

Причината за пожарот сè уште не се знае, но регионот на Киев во изминатиот период има исклучително високи температури и суша, што го зголемува ризикот од пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ