четврток, 31 октомври 2024

Гори нискостеблеста шума под падините на планината Дешат

Пожар избувна над дебарското село Татар Елевци, во кој се зафатени нискостеблеста шума и трева. Станува збор за недостапен предел под падините на планината Дешат.

 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според командирот на ТППЕ-Дебар, Џетан Мифтароски, во гаснењето освен противпожарната единица, вклучени биле вработени во Национални шуми, подружница Стогово, како и жители од селото Горно Косоврасти, објави МИА.

„Успеавме да го пренасочиме со цел да не се прошири кон селата Татар Елевци и Горно Рајчица. Утре од раните утрински часови ќе продолжиме со гаснење“, рече Мифтароски.

До вечерва опожарени се над 16 хектари, а постои опасност за негово проширување и кон планината Кораб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ