Како што соопштија грчките власти, најмалку 18 лица се повредени, главно од вдишување чад.
Пожарот предизвикал повеќе евакуации бидејќи силниот ветер ги попречува напорите на стотиците пожарникари и авиони кои се обидуваат да го локализираат пожарот.
🔥⚠️ Η φωτιά ακριβώς στην εθνική οδό στο ρεύμα προς Αθήνα Στην Λυγιά Κορινθίας
🆘🛣️Η φωτιά πλησιάζει στο ρεύμα προς Αθήνα pic.twitter.com/PtNbgMPp7U
— Forecast Weather Greece (@ForecastGreece) September 30, 2024
Грчката национална опсерваторија соопшти дека сателитските снимки покажуваат дека пожарот зафатил околу 10.000 хектари. Србија и Романија ќе ѝ обезбедат помош на Грција, како и Франција, Италија и Чешка кои на помош испраќаат авиони и десетици пожарникари.
Министерот за климатска криза и цивилна заштита Василис Кикилиас оцени дека пожарот е исклучително опасен и дека пожарникарите веќе повеќе од 20 часа се борат под драматични околности.
Истакна дека некои подрачја зафатени од пожарот на планината Пентели биле особено тешко достапни.