Директорот на ЦУК вели дека пожарот е несвојсвен за овој период годината затоа што дрвјата се разеленети, но дека на почвата има многу сув материјал од лисја и зимзелени иглички.
Според него, селото Селце ноќеска нема да биде загрозено заштпо во текот на ноќта интнезитетот на огнот ќе се намали, а особено во раните утрински часови поради росата.
„Но во текот на денот поради високите температури, огнот ќе се разгови. Се надевам ако временските услови тоа го дозволуваат, да продолжиме да гасиме со хеликоптери“, рече Ангелов нагласувајќи дека се работи за тежок облик на планински пожар.
Инаку, бидејќи нема пилоти, нема можност пожарот да се гаси со ер-тракторите.
А од МВР вечерва соопштија дека нивните два хеликоптера исфрлиле 50 тони вода врз огнот.