петок, 13 септември 2024

Гори фабрика за млеко во Тетово, ја гасат пожарникари од Кавадарци, Гостивар и Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

Густ чад ја надвисна Општина Боговиење откако доцна попладнево избувна голем пожар во фабриката за производство и пакување на млеко и млечни производи, Хит 73 во село Камењане оддалечена на околу 10 километри од центарот на Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

За силината на пожарот засега сведочат видеата и фотографиите кои за медиумите ги споделија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според првичните информации пожарот зафатил голем дел од погоните на фабриката. Пожарот го гасат пожарникари од Скопје, Гостивар и Кавадарци.

Детали за штетата и дали има загинати и повредени се очекуваат во текот на вечерта.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ