четврток, 31 октомври 2024

Гори дивата депонија Вардариште во Скопје, активни се уште 14 други пожари

Неколку противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот кој сѐ уште гори на дивата депонија Вардариште во Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

„РЦУК Скопје известува дека во врска со Вардариште од комунална инспекција од Град Скопје ги информирале дека се на терен, има и полиција и неколку возила од пожарна и интервенираат, но има сѐ уште пламен“, наведуваат од ЦУК.

Депонијата Вардариште е во надлежност на Град Скопје, а е лоцирана на територијата на Општина Гази Баба. Чадот од пожарот покрај во Гази Баба се чувствува и во соседната општина Аеродром.

Според последните вечерни податоци на ЦУК денеска се регистрирани 31 пожар на отворен простор, 15 се активни, 5 се под контрола и 11 се изгаснати. Активните се по два пожари во Охрид, Кичево и Студеничани и по еден во општините Македонски Брод, Демир Хисар, Дебар, Бутел, Македонска Каменица, Сарај, Гази Баба, Тетово, Старо Нагоричане и Липково.

Под контрола се 5 пожарите во Петровец, Чашка, Пласница, Делчево и еден од пожарите во општина Макдонски Брод кај селото Слатина.

Изгаснати се 11 пожари на отворен и тоа два во Гостивар и по еден во општините Кочани, Гевгелија, Крива Паланка Македонски Брод, Крушево, Теарце, Доброште, Тетово, Арачиново и во Кисела Вода.

ЦУК вечерва соопштии дека

ЦУК: Ангелов искажа голема благодарност на тимот пилоти од Република Србија, коишто денеска си заминаа во нивната држава

Денеска директорот Стојанче Ангелов, го посети и го испрати тимот пилоти од Србија, коишто се вратија дома.

„При кусата средба, Ангелов, искажа голема благодарност за нивната несебична помош при што и со другите нивни тимови помогнаа многу, на повеќе места, во гаснењето на големите пожари во Македонија, иако во исто време и во Србија имаат многу пожари на отворено“, информираше ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ