петок, 1 ноември 2024

Гори дива депонија во Кичево

Дивата депонија, кај поранешните погони на Керамичкиот комбинат во Кичево, вчера доцна попладнето се запали и густ чад со непријатна миризба се надвиснуваше над населбата Коњски ливади. На пожарот беше интервенирано од страна на екипи на ТППЕ Кичево и од Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

За оваа депонија општинските власти веќе неколку години ветуваат дека ќе ја расчистат, но тоа не го сторија.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски, на својот фејсбук-профил напиша дека веќе подолг период се случува еколошка катастрофа во Кичево, каде општината и ЈП Комуналец – Кичево одложуваат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Кичево.

„Смрдеа, глодари, неподносливо станува да се живее. Денес кулминира со пожар кој ја зафати оваа дива депонија направена од страна на општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна општина. Иако како ВМРО-ДПМНЕ апелиравме и пријавуваме, денес се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш“, напиша вчера Сајкоски на својот Фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ