сабота, 27 јули 2024

Горат 10 хектари шума над Дебар, општината бара помош од ЦУК

Општина Дебар синоќа упати барање до ЦУК итно да помогне во гаснење, од воздух, на пожари што беснеат во близина на селата Татар Елевци и Бомово.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Се обраќаме до Вас за помош во гаснење на пожарот кај селото Татар Елевци на надморска височина од илјада метри од градот Дебар каде е зафатена површина од 10 хектари со голема тенденција за ширење поради ниско стеблата шума. Исто така, потребна е помош и во гаснењето на пожарот во Бомово, каде пожарот беснее два дена, а каде се зафатени и костенови насади, пишува во барањето.

При тоа се наведува дека ангажирани се 14 пожарникари, колку што брои дебарската Територијална противпожарна единица, од нив осумина во гаснење на пожарот во Татар Елевци, а четворица во Бомово.

Во гаснењето е вклучена и шумската полиција, но поради непристапниот терен гаснењето е тешко.

„За жал поради непристапниот планински терен и густата шума, возилата на ТППЕ е невозможно да се вклучат во гаснењето во Татар Елевци. Покрај тоа, поради брзината на ширењето на пожарот и недостигот на човечки и друг потенцијал командирот на единицата констатира дека не е можно истиот да се стави под контрола“, се наведува во барањето.

Се повторува апелот итно да се интервенира од воздух и во двата пожара, кои се долж границата со соседна Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ