Пожарникарите од Берово ноќеска од 22.55 до 30 минути по полноќ со две возила и четворица пожарникари гаселе пожар во куќа во градот, соопшти Центарот за управвање со кризи (ЦУК).
„Во пожарот едно лице се здобило со повреди (изгореници) и истото е пренесено во Здравен дом Берово. Инаку, во последното деноноќие, имало извештаи дека речиси секаде пожарникарите имаме помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено“ велат од ЦУК.
Од ЦУК апелираат да не се палат отпадоци на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиентлниот воздух.
„Истовремено апелираме за внимателност при прошетките во прекрасната природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите“, се вели во соопштението на ЦУК.