недела, 19 јануари 2025

Гореше бутик во Скопје, нема повредени лица

Во СВР Скопје ноќеска во 03.15 часот било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен бутик, сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема, а од пожарот биле зафатени фасадата од зградата, стан над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, надворешна едниница на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, биле зафатени и две патнички возила, шкода камик паркирано од  М.Т.(48) од Скопје и форд фокус сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ