сабота, 27 јули 2024

Гореа куќа во Арачиново, магацин во Бутел, три возила во Гази Баба, подрум во зграда…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на ноќта пожарникарите интервенирале во Арачиново каде горела куќа, гаснеле оган во три возила во Гази Баба, пожар имало во магацин во Бутел, во подрум во зграда интервенирале гевгелиските пожарникари…

Објавено на

часот

Сподели

„Во Скопје, пожарникарите од 23.40 часот, со тим од 11 пожарникари и 4 возила гаснеле запалена куќа на површина од 100 м2 во Арачиново.

Од 14.15 до 15.30 часот, со шест пожарникари и две возила, гаснеле запален магацин со санитарија на површина од 60 м2 на ул. Стар качанички пат бб во Општина Бутел, од 4 до 5 часот, со четири пожарникари и едно возило гаснеле запалени три патнички возила на ул.Алија Авдовиќ во Општина Гази Баба, и имале уште една помала интервенција поради запалени отпадоци.

Во Гевгелија пожарникарите од 8.10 до 11.40 часот, со осум пожарникари и три возила гаснеле запалена подрумска просторија во зграда на ул.Маршал Тито бр.130 во с.Богданци. Во текот на интервенцијата, станарите од зградата биле евакуирани со корпа со кран од страна на фирмата Пеливан компани.

Во Куманово пожарникарите имале една интервенција поради запалени електрични броила пред зграда на ул.Кирил и Методиј.

Пожрникарите имале интервенции и во други населени места во државата, но во помал обем со стандардни помали тимови“, се вели во информацијата на ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ