сабота, 27 јули 2024

Гореа ѓубришта во скопската населба Карпош и во битолски Баир

Во последните 24 часа пожарникарите интервенирале два пати – во скопската населба Карпош и во битолската населба Баир. И во двата случаи станувало збор за пожар во ѓубришта.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие интервенирале пожарникарите од скопската и од битолската противпожарна служба.
Пожарникарите на Град Скопје од 14.10 до 15.10 часот гаснеле запалено ѓубре на ул.Скупи во Општина Карпош, на површина од 500 м2. Интервенцијата ја извршиле со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.
Во исто време, како што информира ЦУК, односно од 14.11 до 15.15 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена дива депонија во населбата Баир во Општина Битола.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ