сабота, 27 јули 2024

Гореа два стана во Куманово, никој не е повреден

Објавено на

часот

Сподели

Огнот во 16.45 часот зафати два стана на вториот и третиот кат во зграда на бул. Трета македонска ударна бригада, спроти Зелениот пазар. Според информациите на пожарникарите, нема повредени лица бидејќи на време се евакуирале. Пожарникарите интервенираа со две екипи.

„Итервениравме до 17.49 часот со две возила и шест пожарникари. Успеавме да го изгаснеме огнот и во двата стана. За среќа нема повредени“, изјави командирот на смена од ТППЕ Куманово Сашо Илиевски.

Причините допрва ќе се утврдуваат. СВР Куманово ќе изврши увид.

Од фотографијата може да се види дека и овојпат едно од возилата со кое интервенираат кумановските пожарникари е камионот-цистерна марка ФАП, стар повеќе од половина век, виден и неодамна кога се запалија подрумските простории во кумановскиот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ