понеделник, 20 мај 2024
Претседателски избори 2024

Гордана Сиљановска Давкова е првата жена претседател на Македонија, ДИК ѝ го врачи Уверението

Државната изборна комисија  (ДИК) денеска издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, откако на седница ги објави конечните резултати од Претседателски избори одржани на 24 април и 8 мај годинава. Уверението на Сиљановска Давкова и го врачи претседателот на ДИК Александар Даштевски и во име на Комисијата посака успешен мандат.

Објавено на

часот

Сподели

Даштевски на седницата констатираше дека за Претседател на Република Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале. Сиљановска Давкова освои  561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски за кого гласале 251.899

Државната изборна комисија на седницата утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, а гласале 861.218. Вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња е 953.121, на важечки ливчиња 812.899, на неважечки ливчиња 48.289, а процентот на избирачи кои гласале е 47.47.

За постапката за сумирање на резултатите за Претседателските избори до ДИК немаше приговори, додека за Парламентарните кои се одржаа исто така на 8 мај се доставени девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ,  пет од СДСМ и четири од Левица. Даштевски посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

По објавувањето на конечноста на изборните резулатати за Претседателските избори, ДИК треба да достави извештај до  Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка  која според најавите ќе одржи утре напладне.  Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актулениот претседател Стево Пендаровскии истекува утре.

Универзитетската професорка Гордана Сиљановска – Давкова ќе биде шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ