сабота, 27 јули 2024

Ѓорческа се пласира во четвртфинале во Ираклион

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја помина и втората пречка на турнирот во Ираклион и стигна до четвртфиналето на турнирот кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.
 

Објавено на

часот

Сподели

Нашата најдобра тенисерка претпладнево ја совлада 21-годишната италијанска квалификантка Софија Рокети, 485. на ВТА-листата. Ѓорческа славеше со 6-3, 6-1 за еден час и 13 минути игра. И во двата сета отвораше со брејк, правејќи водство, кое противничката не успеваше да го стигне.

Следна ривалка за 29-годишната тетовка е Сиња Краус од Австрија, шеста носителка на турнирот и 224. на светот. Императивот за Ѓорческа да стигне што подалеку е голем, бидејќи брани титула од Ираклион, од 2022 година, иако тогаш на турнир со пониска вредност, од класата W25.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ