сабота, 27 јули 2024

Ѓорческа ноќеска ги почнува квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ноќеска ги почнува квалификациите на Австралија Опен.

Објавено на

часот

Сподели

Противничка е Катарина Кава од Полска, а мечот се игра по поноќ по македонско време (околу пладне по австралиско).

Мечот ќе се игра на теренот број 13 и е предвиден како втор од програмата. Првиот меч треба да почне точно на полноќ по македонско време, а веднаш после тој на теренот треба да излезе Лина.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Ѓорческа и Кава. Ѓорческа 2017 година беше на чекор од пласман на главниот турнир, откако загуби во третото коло од квалификациите, додека полската тенисерка досега имала три настапи во квалификациите на Австралија опен и три порази во првото коло.

Се очекува Лина да добие поддршка од македонски навивачи во Австралија кои ќе ѝ бидат поттик повеќе за победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ