петок, 18 октомври 2024

Ѓорческа и партнерката спасија пет меч топки и се пласираа во финалето во Хехинген

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед на тоа дека се трети носителки, во денешниот полуфинален меч имаа јасна улога на фаворитки против Германките Карилона Кил и Ела Зајдел, сепак победата дојде исклучително тешко. Првиот сет го добија Германките со 6-2, но Лина и Аљона експресно се консолидираа, па го отворија вториот сет со 4-0, што беше најдобар начин да возвратат на идентичен начин, со 6-2.

Вистинската приказна за оваа пресметка дојде во третиот сет, кој се игра тајбрејк до 10. Некаде на средина од него, Германките се издвоија и со низа од четири поени дојдоа до 9-6, што значеше три врзани меч-топки. Ѓорческа и Фомина концентирани го одбранија сите три, но драмата не заврши тука, па Кил и Зејдел уште двапати дојдоа на поен до победа при 10-9 и 11-10. Сепак, со серија од три поени фаворитките покажаа истрајност и го освоија сетот со 13-10.

Во финалето ќе се пресметаат со Екатерина Горгодзе од Грузија и Катарина Хобгарски од Германија, кои немаат загубено сет досега. Ова ќе биде трето финале за Ѓорческа во 2023, во конкуренција на двојки, по Сплит и Лиепаја. Триумфираше само во Сплит, тогаш во тандем со Словенката Вероника Ерјавец, но тоа беше турнир од категорија W40. Во оваа повисоката, W60, всушност, има само еден освоен пехар меѓу 46-те во кариерата, во двојки и тоа токму во Хехинген, во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ