Ѓорческа имаше одлична партија во финалето против Хрватката, Ружиќ, двата сета ги доби со идентични 6-3 и 6-3 и го освои фјучрс турнирот во Куршумлијска бања кој се играше за награден фонд од 40.000 долари.
За Лина ова беше прва титула во 2023 година во која настапи на четири финалиња.
За македонската тенисерка ова е вкупно 13. титула во сингл конкуренција во кариерата.