Тие во финалето ја совладаа грузиско германската комбинација Екатерине Горгазде и Катарина Хобгарски со 2-0 во сетови.
Првиот сет Лина и Клоц го добија со 6-2, вториот со 6-4. Финалето траеше 64 минути.
Ова за Ѓорческа беше 72. финале во конкуренција на двојки, а ја освои 47. титула или втора во 2023 година.
Следната недела македонската тенисерка ќе настапува на фјучрсот во Осиек, што се игра за награден фонд од 25.000 долари и ќе биде прва носителка.