Ѓорчепетровки направија голем успех со пласманот во четвртфиналето од Европскиот куб, третото по квалитет европско натпреварување.
Денеска беше ждрепката за следното коло, а тие за противник го добија тимот на Елче Мустанг кој во моментов е трет во Шпанија.
Првиот меч ќе се игра во Шпанија на 10 или 11 март, реваншот е во Скопје седум дена подоцна.
Ако Ѓорче Петров го мине Елче, во полуфиналето ќе има друг шпански противник, победникот од дуелот меѓу Гранољерс и Гран Канарија.