сабота, 27 јули 2024

Горазд Михајлов е нов тренер на Вардар

Најавите се остварија, Горазд Михајлов ќе го води Вардар во вториот дел од сезоната, тој доаѓа на местото од Александар Васоски.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар денеска излезе со официјална информација за новиот тренер.

„ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија.
Добредојде во црвено црното семејство“, стои во соопштението на клубот.

Тој доаѓа на местото од Васоски кој замина во Силекс, клубот каде што до неодамна беше токму Горазд Михајлов.

Михајлов ќе има задача да го спаси Вардар од испаѓање, црвено-црните во моментов се последни, но имаат само три бода помалку од клубовите над зоната која носи ранг подолу.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ