„На задоволство на неколкумината жители на селото, кои престојуваат таму, но и на други кои паралелно со чистењето на патот се упатија таму, расчистен и прооден е патот до Калањево. Екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“, што континуирано се на терен, успеаја со две машини да извршат расчистување на патот и создавање услови за негово користење“, појаснува Стојанов.
Тој додава дека според информации од претпријатието, машините се префрлаат на друга локација и се продолжува со чистење на патот од Горни Дисан до Вешје.