петок, 18 октомври 2024

Горан Симов веќе не е тренер на Македонија Ѓорче Петров

Денешниот убедлив пораз од Струга му пресуди на Горан Симов, поради лошите резултати оваа сезона тој доби отказ од Македонија Ѓорче Петров.
 

Објавено на

часот

Сподели

Македонија Ѓорче Петров преку соопштение ја потврди разделбата со Горан Симов.

„Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Горан Симов, кој ја водеше нашата екипа во изминатите 7 месеци.

Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Горан Симов почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија, втора година по ред. 

Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер.

За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Горан Симов и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, стои во соопштението на клубот од Ѓорче Петров.

По 11 одиграни кола, Македонија ЃП има освоено 11 бодови, има дури шест порази, двапати одигра нерешено и трипати победи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ