По серијата лоши резултати која кулминираше со високиот пораз од МЗТ Скопје, раководството на Работнички се реши да донесе нов тренер. Клубот денеска потврди дека изборот паднал на Горан Самарџиев.
Самарџиев како кошаркар играше за Работнички седум години, па многу добро знае колку е тежок црвениот дрес и ќе се обиде да го врати сјајот на центарскиот тим кој веќе одамна е далеку од своите години на доминација.