сабота, 19 октомври 2024

Горан Петрески замина од Вардар по шокантниот пораз од Воска

Тренерот на Вардар, Горан Петрески поднесе оставка по вчерашниот шокантен пораз од Воска во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе добие и трет тренер оваа сезона. Утрово „црвено-црните“ брифираа дека Горан Петрески и неговите помошници поднеле оставка по шокантниот пораз од Воска.

„Јас и мојот стручен штаб ја преземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати“, вели Горан Петрески.

Популарниот „Чунга Лунга“ беше именуван како нов предводник на Вардар пред две недели, по разделбата со Горазд Михајлов.

Тој тогаш амбициозно порача дека излез во Европа е целта на „црвено-црните“, но експресно се повлече од позицијата по два високи порази, 3-0 од Шкупи и 1-3 од Воска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ