На овој потег, како што велат од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска треба да биде испратена машина да интервенира.
„По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина и да се интервенира“, се вели во информацијата од ЦУК.