недела, 20 октомври 2024

Голманот на Ноа од гол на гол погоди против АЕК (ВИДЕО)

Неверојатен гол постигна српскиот голман Огнен Чанчаревиќ. Ерменскиот тим Ноа, кој ја исфрли Шкендија од Европа, денеска се израдува на уште една победа во квалификациите од Конференциската лига, го совлада АЕК со 3-1, а она за кое се зборува е лудиот погодок.

Објавено на

часот

Сподели

Чанчаревиќ шутна од својот шеснаесетник, нејасно е дали воопшто се обиде да постигне гол, но неговиот шут заврши во мрежата на противникот за водство на Ноа од 2-1. Погодок кој ќе се памети и ќе се прераскажува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ