петок, 26 јули 2024
Вело Марковски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Гoлемите спинови на „големите“ политички партии

Големите партии си имаат многу ботови кои со разни итрини, стратегии и со многу таканаречени „спинови“, односно измислени приказни и навреди, споделени на многу лажни профили стануваат „вистини“.

Болно е кога поединци од мојот народ на мојот профил се дрзнуваат да лиферуваат лаги, невистини и навреди. Така, некој Перо Петров (Pero Petrov)  и Соња Митевска (Sonja Mitevska), тврдат дека сум шверцувал артефакти. Најбезобразно ме поганат и тоа под песната „Надвела се чесна гора“ со што ја поганат и песната посветена на Пресвета Богородица. Ова е една од ретките песни во православието која ја воспева Света Дева Марија. Подзаборавената црковна песна ја снимав со цел да не биде избришана од колективната меморија на православните христијани.

„Кујните“ на најголемите политички партии пласираат спинови кон сите што им сметаат. Еден од спиновите пуштен кон мене е „Вело е добар доктор, нека не се меша во политиката“ или „покорисен е во медицината“. Со тој спин се омаловажуваат сите доктори кои на некој начин не смеат да имаат свој став за случувањата околу нас надвор од медицината. Добронамерните совети кои ми ги испраќаат се смешни. Јас во 2010 година бев избркан од Инфективна клиника баш поради тоа што го бранев мојот народ од лагите наречени пандемија со свински грип во 2009 година. Имаше хајка против мене со 7 опомени пред отказ од страна на тогашниот директор Миленковиќ (кој како директор избран од СДС, продолжи да биде директор и стратег на ВМРО), а по налог на тогашниот министер за здравство Бујар Османи. Тогаш го одбранив мојот народ и наместо 800.000 вакцини кои ги нарачаа на крај на пандемијата, набавија само 80.000 од кои на 40.000 им помина рокот и не се знае што направија со нив. Само после една година, во декември 2010 година бев избркан од клииника. За жал мојот народ не ме ни спомна. Ниту еден медиум во Македонија не извести за тоа, иако објави Би-би-си и српски и босански медиуми. Три години бев без работа. Потоа од 2012 година сум професор на Медицински факултет (УГД Штип) и помагам со тоа што од мојата област обучувам во просек 120 лекари годишно. Покрај тоа во бројни едукативни емисии искажувам научни ставови за проблеми од инфектологијата (грип, хеморагични трески, бруцлеоза, зоонози, сексуално преносливи болести…). И за време на пандемијата со ковид-19 помагав како професор и како човек. Тоа значи и да бидам избран за претседател повторно ќе помагам и тоа многу повеќе ако има закани од епидемии или пандемии. Впрочем, зa време на ковид пандемијата беше прогласена вонредна состојба и претседателот беше тој што ги носеше одлуките или барем требаше да ги носи.

Вториот најчесто пласиран спин против мене е шверц со артефакти. Го измисли режимот на Зоран Заев, случајно или не во време на пандемија. Ова обвинување е слично како кога останав без работа поради вакцините за свински грип. Но, сега го користат и некои членови од мојата партија кога треба да ме „оцрнат“ од за нив познати причини. За ова веќе пишував во една колумна, но еве повторно:

На 5 октомври 2018 година бев уапсен под 3 обвиненија.

Првото обвинение беше злосторничко здружување, со луѓе кои првпат ги видов во судот (двајца над 65 години, двајца над 75 години), без ниту едно заедничко дејство.

Второто обвинение беше прикривање на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Баш така стои, ама не се посочува што е тоа што сум присвоил, кои се добрата под привремена заштита, и каде се регистрирани тие предмети под „привремена заштита“.  Единствено нешто што приложија како доказ се камења најдени по реки кои ги прогласија за природна реткост. А цел рид со навистина природни реткости кај Алинци близу Прилеп го израмнија булдожерите на Бехтел и Енка и не се случи никому ништо.

Третото обвинение и најтешко беше прикривање. Ама не се кажува што сум прикривал, туку се наведува измислена приказна дека првообвиентиот „нешто “ криел кај мене. На претресот сите предмети беа земени од полиција, вештаците на обвинителство не посочија ни еден предмет што е „вреден“, туку ги проценија како сувенири. Значи нема ниту трговија од моја страна, ниту некаде е спомнат артефакт. Знаејќи дека нема никаков кривичен предмет, ме држеа во притвор 4 месеци, од кои 3,5 месеци без ниту еден разговор или испитување од обвинител или судија. Лично сум убеден дека мојата колумна „Диадохиите сè уште траат“, објавена во април 2018 година во  весникот Нова Македонија, неколку месеци пред Преспанскиот договор со која се обратив до грчките интелектуалци и премиерот Ципрас, беше вистинската причина за притворот. Кој разбира право знае дека штом некого држат во притвор за да не избега, а со месеци нема разговор со обвинител, тоа практично значи дека обвинителот нема докази, се води монтиран случај, а притворот е всушност казна за нешто друго.

Таму во притвор, иако ми беше закажана операција на жолчка, не ме пуштаа до крајот на ноември кога се оперирав. Со дренови во стомакот бев вратен во притвор на минус 12 степени. Беше планирано да умрам, ама ете не умрев. Потоа го држеа предметот без да се подигне обвинение до јануари 2021 година. Се активира откако станав „премногу популарен“ и „премногу влијателен“ за време на ковид-19 пандемијата и откако влегов во ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, три пати ми влегоа дома, ми се закануваа, ме пресретнуваа на автопат. Сите медиуми (истите тие кои ниту еднаш не ме спомнаа како кандидат за претседател) на секој час на 31 декември 2020 година повторуваа дека сум обвинет, иако обвинението го видов дури на 17 јануари 2021 година. Со голема злоба режимот на Заев и Филипче избра да ми честита Нова Година на тој начин. Истата вечер, поради стресот, мојата  бремена жена се породи пред време повеќе од еден месец.

Можев да замолчам и да немам ни кривична, ни да го загрозам моето семејство. Но решив дека за време на големото зло кое ни се случуваше, ќе биде кукавичлук да се скријам, во момент кога му требам на мојот народ и воопшто на луѓето во соседните држави и пошироко. Можев за време короната и многу да се збогатам, но за мене богатствата не биле предизвик. Поважно ми беше што повеќе луѓе да спасиме, што повеќе да им се помогне.

И сега после сé, се прашувам што уште треба да ми се случи, за поединци од мојот народ како Про и Соња да престанат да ме мразат!?

Без разлика дали омразата на ботовите и спиновите им е оправдана или не, сепак нивната омраза и нападите и осрамотувањето на луѓе кои не ги познаваат треба да си ги прават на своите профили, а не на мојот профил.

После моето бркање од работа, после моето „чудно тумбање“ на Плетвар на 13 мај 2012 година, после моето ставање во притвор, после насилните влегувања во мојот дом и заканите по мојот живот, што уште треба да ми се случи, па да бидат задоволни некои „злобници“. Или ботвите се несреќни што не сум еден од многутте доктори кои „загинаа“ бранејќи го човекот од мултинационалните мултимилјардерски корпорации.

Јас, проф. д-р Вело Марковски, поради себе, поради моите претци, поради нашите идни генерации, но и поради луѓе како Предраг, Веле, Снежана, Лилјана, Ефто, Митко…и илјадници други Македонци и пред сé луѓе, кои знаат да препознаат и да поддржат, имам неприкосновено право  да продолжам да го бранам мојот народ, мојата татковина, секој човек и животот во сите облици.

                           Проф д-р Вело Марковски

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ