сабота, 27 јули 2024
Италијанската легенда се пензионираше

Големиот Кјелини стави крај на фудбалската кариера (ВИДЕО)

Легендарниот италијански дефанзивец ги обеси копачките, Џорџо Кјелини стави крај на фудбалската кариера.
 

Објавено на

часот

Сподели

Кјелини преку социјалните мрежи со видео и емотивна порака објави крај на кариерата.

„Ти беше најубавото и најинтензивното патување во мојот живот. Ти беше моето сѐ. Со тебе поминав уникатен и незаборавен пат. Но сега е време за старт на нови поглавја, соочување со нови предизвици и пишување на понатамошни важни и возбудливи страници од животот“, напиша Кјелини.

Кјелини кариерата ја почна во Ливорно во 2000 година, тој потекнува од школата на овој клуб. Во 2004 се пресели во Јувентус каде се задржа до 2022 година и остави голем траг во италијанскиот фудбал. Последната сезона ја помина во МЛС, во тимот на Лос Анџелес. За репрезентацијата на Италија одигра 117 натпревари.

Тој деветпати ја освои Серија А, петпати го крена пехарот од Купот на Италија, петпати го освои и италијанскиот Супер куп. Двпати играше финале во Лигата на шампионите. Со Италија стана шампион на Европа во 2020 година. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ