петок, 18 октомври 2024

Големи реки се излеаја во Британија, поплавија 1.000 домови (ВИДЕО)

Големи реки ширум Британија се излеаја од коритата денеска по обилните дождови, што ја натера владата да издаде повеќе од 300 предупредувања за поплави, туристичките оператори објавија сериозни нарушувања и околу 1.000 домови досега се оштетени.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Серијата бури во последните недели значеа долготрајни врнежи од дожд кои и вчера почнаа да паѓаат на веќе заситената почва и брзо предизвикаа веќе надојдените реки да се излеат од коритата низ Англија и Велс.

Бурите во последните денови предизвика поплави и во други делови на Европа. Реката Трент во централна Англија се излеа од коритата, загрозувајќи го населението. Лондонската противпожарна служба синоќа соопшти дека морала да придружува околу 50 луѓе на безбедно, откако канал се излеал во источниот дел на главниот град.

„Се разбудивме, како што многу луѓе ќе видат, во многу дождлива ситуација низ целата земја“, изјави за Би-би-си Керолин Даглас, директорка за управување со поплави во Агенцијата за животна средина.

Даглас рече дека досега се поплавени околу 1.000 домови. „Грејт вестерн железници“ објави дека некои од нејзините линии на југот на земјата се во прекин. Затворени се и патиштата во најтешко погодените области.

За денеска се предвидуваат пообилни врнежи од дожд, иако не со ист интензитет како во текот на ноќта, а потоа се очекува посуво време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ