сабота, 27 јули 2024

Големи нереди во Папуа Нова Гвинеја, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку осум лица загинаа по големите немири во главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морезби, јавува Би-би-си. Продавници и автомобили биле запалени, а супермаркети ограбени откако полицајците почнаа да штрајкуваат, незадоволни од платите и условите за работа.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Недостигот на полицијата ги охрабрил луѓето од периферијата на градот да ограбуваат продавници и да предизвикуваат немири, сето тоа се одвива во атмосфера на социјална апатија во земјата, поттикната од зголемените трошоци за живот и високата невработеност.

Премиерот Џејмс Марапе ѝ се обрати на нацијата во четвртокот извинувајќи се за инцидентот, но рече дека нема да се толерира беззаконието. „Со кршење на законот не се постигнуваат никакви резултати“, ѝ порача на јавноста.

Ситуацијата се стабилизираше вчера вечерта, откако војската излезе на улица, а дел од полицијата продолжи со работа, но премиерот изјави дека ситуацијата и понатаму е тензична. Болницата во Порт Морзби потврди осум смртни случаи во главниот град, додека уште седум лица починаа во Лае, вториот по големина град во Папуа Нова Гвинеја.

„Видовме невидено ниво на конфликт во нашиот град, нешто што никогаш не се случило во историјата на нашиот град и нашата земја“, рече гувернерот на главниот град, Паус Паркоп, во радио обраќање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ