среда, 30 октомври 2024

Големи дневни температурни разлики – во Берово утрово измерени 13 степени

Во време кога максималните дневни температури преминуваат 40 степени Целзиусови, забележливо е дека утрата се мерат и за дваесет степени пониски температури. Утрово најниска температура од 13 степени Целзиусови е измерена во Берово.

Фото Википедија: Беровско Езеро

Објавено на

часот

Сподели

Според утринските температури, следуваат Лазарополе со 15 степени, Охрид, Претор, Крушево, Попова Шапка, 19 Прилеп, Струмица, 20 Демир Капија, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Гевгелија, Куманово, Велес, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци.

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово, според количината на врнежи кои се измерени на дождомерните места на  УХМР, воден талог имало во Берово 5 л/м2  и  3 л/м2 во Крушево.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ