сабота, 27 јули 2024

Голема санта мраз се открши на Антарктикот, настана пукнатина од 14 километри

Голема санта мраз се открши од ледената плоча Брант на Антарктикот, објави истражувачката организација Бритиш Антарктик сурвеј (БАС). Сантата мраз со големина од 380 квадратни километри се одвоила во понеделникот, неколку недели откако во мразот настанала пукнатина од дури 14 километри.

Фото: Бритиш Антарктик Сурвеј

Објавено на

часот

Сподели

Ваквото одвојување на големо парче мраз од санта или од ледена маса е трето во регионот во последните четири години.

Научниците на БАС во тоа подрачје забележале нестабилност уште пред повеќе од десет години, поради што британската истражувачка станица Хејли во 2016 била преместена 20 километри во внатрешноста. Истражувачот на БАС Оливер Марш кажа дека „вакво одвојување на мраз беше очекувано уште пред осум години и дека површината на ледената плоча се намали на најмала можна мера од почетокот на следењето“.

Во објава за јавноста истражувачите на БАС истакнаа дека настанот не е поврзан со климатските промени. Во базата Хејли научниците престојуваат од ноември до март, односно за време на антарктичкиот мраз. Областа во текот на остатокот од годината се следи преку сателитски снимки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ