сабота, 19 октомври 2024

Голема роденденска наградна игра на Дајмонд мол, главна награда хибриден автомобил

Започна роденденската атмосфера во Дајмонд мол. Во пресрет на одбележувањето на првиот роденден на Дајмонд мол (Diamond Mall), под мотото „Дијамантскиот сјај ти носи среќа без крај“, почна наградна игра, која ќе трае до 19 октомври годинава. Главната награда е автомобил „пежо“ (PEUGEOT NLU 3008 Allure HIBRID), кој штотуку пристигна на македонскиот пазар и е најнов модел на автомобил со хибриден погон. Ќе бидат доделени и две парични награди во вредност од 50.000 денари, четири парични награди од 25.000 денари и осум парични награди во вредност од 12.500 денари.

Објавено на

часот

Сподели

За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони.

Во октомври годинава Дајмонд мол ќе одбележи една година од своето постоење. Со својот уникатен концепт на „лајф-центар“, покрај атрактивната шопинг понуда, Дајмонд  мол е место што нуди различни опции за едукација и забава за деца и млади во „Зоната на соништата“ (Dream Zone) со површина од 7.000m². Во рамки на трговскиот центар делува и „Гурманската авенија“ (Gourmet Avenue), која за кратко време стана едно од најомилените места за забава и добра храна.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ