сабота, 27 јули 2024

Голема полициска акција во Струмица, приведен е и поранешен градоначалник

Во тек е голема полициска акција во Струмица. Уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник. Тој во јавноста беше познат како шверцер на цигари на македонско- бугарската граница.

Објавено на

часот

Сподели

Подоцна ова лице влегло и во бизнисот за производство на медицински канабис. Но, производството на марихуаната често завршувало на црниот пазар во Македонија, но и пошироко во регионот.

Се чекаат официјалните информации за акцијата од МВР.

Боро Стојчев е поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше осуден за шверц со цигари. Тој во во јули 2018 заедно со уште четири лица, додека ја извршуваше функцијата градоначалник, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. Стојчев за ова беше осуден на 18 месеци затвор, а подоцна казната беше намалена на 9 месеци. Во 2020 година фирмата Еено-енерџи на Виктор Стојчев, синот на Боро Стојчев доби лиценца за одгледување канабис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ