вторник, 17 септември 2024

Голема полициска акција – имало ли криминал во Еуростандард банка, која е поврзаноста со фирмите на Заеви?

МВР, Основното јавно обвинителство  и инспектори на УЈП денеска почнаа голема акција во која се вршат претреси по домови и фирми во Струмица, Гостивар и Скопје, а на распит се викнати бројни управители на фирми, адвокати и нотари. Официјално не се соопштуваат детали за акцијата, а неофицијално дознаваме дека се работи за голема криминална империја за затајување на даноци поврзано со пропаста на Еуростандард банката и неколку компании поврзани со фамилијата Заеви.

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознаваме, одземено е големо количество документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. Сомневањата се дека се работи за систем на криминална пирамида која веројатно се шири и надвор од македонските граници.

Предистражната постапка е насочена кон откривање на кривичните дела даночно затајување, перење пари и  незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен Буџетот на државата за неколку десетици милиони евра.

Во Струмица веќе се зборува дека дојде крајот на струмичката империја на блиски луѓе на поранешниот премиер Зоран Заев. Еден од повиканите во полициската станица во Струмица е и бизнисменот Ристо Крмзов кој е близок до семејството Заеви. Тој е сопственик на градежната фирма „Крмзов-МР“

По пропаста на Еуростандард банка, сопственикот Трифун Костовски посочи дека загубата од над 60 милиони евра е последица на договори на бизнис кругот околу тогашниот премеир Зоран Заев и раководството на банката без тој да ги знае дубиозите.

„Најголем дел од земените кредити без покритие завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов, кои се 18-19-20 на број и се занимаваат со од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката“, рече тогаш Костовски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ