сабота, 19 октомври 2024

Голема евакуација околу најголемата нуклеарна централа во Европа. „Владее невидена паника“

Објавено на

часот

Сподели

Русија предизвика „невидена паника“ евакуирајќи град во близина на нуклеарната централа Запорожје, изјави украински официјален претставник. Русија им порача на луѓето да напуштат 18 населби во регионот Запорожје, вклучувајќи го и Енерходар во близина на електраната, воочи очекуваната офанзива од Киев. Украинскиот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров, изјави дека се формирале редици во кои луѓето чекале и до пет часа.

Шефот на регулаторната агенција за нуклеарна енергија на ОН во саботата предупреди дека ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, станува „сè понепредвидлива и потенцијално опасна“ и повика да се преземат мерки за нејзино безбедно функционирање. Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, го издаде предупредувањето додека се во тек евакуации во блискиот град Енерходар, наредени од локален проруски лидер.

„Општата ситуација во областа на нуклеарната централа Запорожје станува сè понепредвидлива и потенцијално опасна“, напиша Гроси на веб-страницата на агенцијата. „Исклучително сум загрижен за вистинските ризици за нуклеарната безбедност и безбедносните ризици со кои се соочува електраната. Мораме да дејствуваме сега за да ја спречиме заканата од сериозна нуклеарна несреќа и придружните последици за населението и животната средина“.

Руските сили ја зазедоа електраната во Запорожје неколку дена откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија на соседната земја во февруари 2022 година. Имаше чести размени на оган во близина на централата, при што страните меѓусебно се обвинуваа.

Гроси последен пат ја посети Запорожје, најголемата европска нуклеарна централа, во март, како дел од напорите да разговара со двете страни за да се постигне договор за заштитни мерки за безбедно функционирање на централата. Тој постојано предупредува за опасностите од воените операции во близина на нуклеарната централа.

Минатиот септември Русија објави анексија на четири украински региони, вклучувајќи го и регионот Запорожје. Електраната се наоѓа во делот на регионот под контрола на Русија, а голем дел од вработените кои управуваат со неа живеат во Енерходар на јужниот брег на реката Днепар.

Евгениј Балицки, прорускиот лидер на делот од областа на Запорожје што е под контрола на Русија, во петокот изјави дека наредил евакуација на селата во близина на линијата на фронтот. Тој рече дека украинското гранатирање се интензивирало во областа во последните денови. Се очекува пролетната контраофанзива на Украина против руските сили да оди на враѓање на регионот Запорожје, од кој 80 отсто го држат руските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ