сабота, 22 март 2025

Голема експлозија на склад за нафта во Русија, пожарот го гасат 450 пожарникари (ВИДЕО)

По големата експлозија на склад за нафта во рускиот регион Краснодар огнот сè уште гори, а експлозијата беше предизвикана од напад со дрон претходно неделава, соопштија регионалните власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на процесот на гасење, поради пад на притисокот во запалениот резервоар, дојде до експлозија на нафтени деривати и испуштање запалена нафта“, соопштија властите на социјалната мрежа Телеграм.

Огнот се проширил на уште еден резервоар, а површината под пожар се зголемила на 10.000 квадратни метри, додаваат тие, повеќе од двојно од изворната површина на пожарот. Повеќе од 450 пожарникари се трудат да го изгасат пожарот, а двајца се повредени.

Новинската агенција Интерфакс ги цитира регионалните власти кои соопштиле дека со атмосферски тестови се откриени прекумерни количества на штетни хемикалии, вклучувајќи бензен, на две локации во близина.

Складот, во близина на селото Кавкаское, се наоѓа на железнички терминал за снабдување на нафтоводот кој го поврзува Казахстан со Црно Море.

Тежината на гасење на пожарот го истакнува ефектот на честите украински напади на големата руска цивилна енергетска индустрија.

Руското министерство за надворешни работи соопшти вчера дека Украина веќе го прекршила предложениот прекин на огнот со нападот на складот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Киев е спремен да се придружи на таков прекин на огнот, за кој во вторникот разговараа американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, ако постои документиран договор со Русија.

И украинските функционери ја обвинија Русија дека го прекршила својот збор за прекин на огнот со нападите на цивилни цели. Зеленски во средата кажа дека руските напади на инфраструктурата, вклучувајќи ги болниците и железницата, покажале дека „зборовите на Путин многу се разликуваат од реалноста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ