сабота, 27 јули 2024

Голема драма во Милано со среќен крај за Интер (ВИДЕО)

Интер со 2-1 ја победи Верона во натпревар со исклучително драматично судиско продолжение, нероазурите можат да бидат среќни што ја почнаа годината со триумф.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна како што се очекуваше, со гол на Лаутаро Мартинез во 13. минута поведе Интер со 1-0.

Тој резултат беше актуелен се до 74. минута кога Анри постигна гол и изедначи на 1-1.

Течеше 94. минута кога Фратеси начека една одбиена топка и даде гол за водство на Интер од 2-1.

Но, драмата не беше тоа, во 99. минута Верона доби пенал. Анри шутираше и ја погоди само стативата од голот на Зомер, па Интер со многу среќа успеа да дојде до победата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ