недела, 21 април 2024

Голема акција на полицијата поради лажни дипломи во БиХ, вмешана италијанската мафија

Полицијата во Босна и Херцеговина денес спроведе рации низ земјата во акција чија цел е да собере докази за фалсификувани универзитетски дипломи, потврди Државната агенција за истраги и заштита (СИПА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полициски инспектори под надзор на обвинители од одделот за организиран криминал и корупција во Обвинителството на БиХ пребарале бројни објекти во Горажде, Зеница, Травник и Сараево.

Како што се наведува во полициското соопштение, истрагата во рамки на операцијата наречена „Индекс“ е поврзана со незаконитости во дејствувањето на приватни високошколски установи, односни кривични дела незаконско издавање универзитетски дипломи и перење пари.

Предмет на истрагата се и врските на осомничените во БиХ со правни и физички лица во странство.

СИПА наведе дека засега во интерес на истрагата не може да дадат повеќе информации, но медиумите во БиХ наведуваат дека главна мета на полициската акција е работењето на „Интернационалниот универзитет во Горажде“.

Наводно постојат докази дека незаконско стекнати дипломи на лекари и физиотерапевти со ознаки на таа приватна школа се продавале на црн пазар во странство во што учествувала и италијанската мафија, а нејзин посредник наводно бил Салваторе Месина по кого е издадена меѓународна потерница.

Месина, кој се претставува како научник, е копотписник на дипломите издадени во Горажде, а според босанскиот портал Истрага, освен во Хрватска и Србија, тие се појавиле и во Италија, Швајцарија и Либија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ