сабота, 18 јануари 2025
Членовите на криминалната група се бараат на повеќе локации

Голема акција на МВР И ОЈО ГОКК, се апсат шверцери на дрога

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат акција на повеќе локации . Акцијата се спроведува по наредба на обвинител, под сомнение дека членовите на криминалната група тргувале со дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Од ОЈО ГОКК потврдуваат дека акцијата е во тек, а повеќе детали најавуваат за утрешниот ден.

„По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“, велат од ОЈО ГОКК.

Министерството за внатрешни работи потврди дека уапсен е Раде Трајковски – Штекли, неофицијално при обид да ја напушти земјава. Тој се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Дел од македонските медиуми по неговото апсење објавија дека тој бил фатен во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија, при обид за бегство, со информација дека тој се сомничи за трговија на дрога.

Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

Претходната година, пак, кон него беше пукано во Трговскиот центар Ист гејт мол во Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ