петок, 26 јули 2024

Голем воен транспортен авион се урна во Русија. Загинаа 15 лица (ВИДЕО)

Воен транспортен авион Иљушин Ил-76 се урна за време на редовен лет во градот Иваново, на околу 250 километри североисточно од Москва. Според првичните информации, авионот паднал на 2 километри од аеродромот. Очевидци тврдат дека авионот почнал да гори додека сè уште бил во воздух.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Руските медиуми јавуваат дека Ил-76 „принудно слетал“ на гробишта во близина на селото Богородскоје. Во авионот имало 15 лица, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Околу 13 часот по московско време, за време на полетувањето, во Иваново се урна воен транспортен авион Ил-76. Во него имаше осум членови на екипажот и седум патници. Според првичните информации причина за катастрофата е пожар на еден на моторите“, додаваат тие.

Оперативните служби пристигнале на местото на настанот и започнале со работа, потврдено е за државната новинска агенција Тасс. „Потрагата е во тек. Според прелиминарните податоци, сите што биле во авионот загинале“, изјави извор од оперативните служби. Тој додаде дека е во тек потрагата по црната кутија.

Во јануари годинава и во регионот на Белгород се урна Ил-76. Русите објавија дека во авионот тогаш имало 65 заробени украински војници кои требало да бидат разменети. Тие тврдеа дека сите затвореници загинале, како и деветте Руси кои биле во авионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ